Швајцарците во недела на референдум одлучуваат дали сакаат да бидат прислушувани | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Швајцарците во недела на референдум одлучуваат дали сакаат да бидат прислушувани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Швајцарските во недела одлучуваат дали ќе се согласат тајните служби да ја надгледуваат нивната приватна комуникација, а според анкетите, се чини дека би се согласиле на такво нешто заради растот на терористичките закани и кибернетичкиот криминал.

svajcarija

Швајцарските служби сега можат да ги следат информациите во јавниот домеин, но новиот законски предлог задира во приватната сфера и ако анкетите се точни, ќе го поддржат меѓу 53 и 58 отсто гласачи.

На тој начин, тајните служби ќе можат да ги следат сите меѓународни комуникации кои минуваат преку швајцарската кабелска мрежа, како и да слушаат, снимаат и анализираат приватни телефонски и интернет комуникации.

Доколку Швајцарските ги прифатат, мерките ќе бидат политички мониторирани и нивната примена ќе ја контролира Сојузниот управен суд.

Министерот за одбрана Гај Пармелин објасни на прес конференција дека не се работи за масовно прислушување, туку целта на новиот закон е превентивно да се надгледуваат најопасните поединци, на пример во подрачјето на терористичките закони.

Џзаконот во парламентот беше прифатен во 2015 година, но Партијата на социјалистите, Зелените и организациите како што се Пиратската партија, инсистираа на референдум, стравувајќи од општа контрола на државата. На тоа ги поттикна скандалот од 1989 година кога 900.000 Швајцарци дознаа дека имаат полициски досиеја во кои се внесени нивните политички и синдикални ставови.

По таа афера, составувањето на полициските досиеја е строго регулирано и е потранспарентно.

Организациите за човекови права, како Амнести Интернешенл, сметаат дека новиот закон, ако помине, ќе овозможи „несразмерни мерки на прислушување“.

Доброволното согласување на мнозинството Швајцарски да бидат прислушувани политиколозите го толкуваат со несигурноста што завладеа по терористичките напади во Париз и Брисел, а од друга страна и заради стравот од сајбер криминалот.

Во недела Швајцарците ќе се изјаснуваат и за предлогот за 10 отсто да се зголеми старосното осигурување, рента за старост која би требало да ги покрие трошоците на виталните потреби на пензионерите.

Владата е против тој предлог бидејќи тоа би значело дека ќе мора да издвои четири милијарди швајцарски франци(3,6 милијарди евра) за 2018 година. Анкетите укажуваат на тоа дека та анкета нема да помине.

Третиот предлог за кој во недела Швајцарците ќе се изјаснуваат на референдум се однесува на „економскиот одржлив развој“, со кој од властите се бара умерена употреба на природните ресурси, но според оценката на владата, предлогот е „преамбициозен“, а според анкетите, гласачите по тој предлог се поделени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико