Правдико

   

Шведска би можела да стане првата земја во светот со електронска валута

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шведската влада ја разгледува идејата да воведе електронска валута наречена „ekrona“ во наредните две години.

svedska-kruna

.Централната банка на Шведска ја разгледува оваа варијанта откако е забележан драстичен пад на користење пари во кеш. Количеството книжни пари и монети во циркулација од 2009 година па наваму е намалено за 40 отсто, со зголемено купување преку интернет и користење на картички за тоа.

Доколку Шведска се одлучи за ваков чекор, таа ќе постане првата земја во светот што ќе им даде на своите потрошувачи директен пристап до виртуелни пари издадени од Централана банка на Шведска популарно наречена Riksbank.

Инаку, Riksbank е првата банка во светот што издала книжни пари во оптек во далечната 1660-та.

Исто така, и Велика Британија ја разгледуваа оваа опција како што велат дека има бројни предност од електронска валута, но уште е во рани фази на истражување бидејќи треба да се анализираат прашањата околу системот, методот на испорака како и каматни стапки.

Засега најпопуларна дигитална валута е биткоинот, кој е создаден врз протоколот познат како „blockchain“ кој дозволува луѓето меѓусебно да влезат во финансиска интеракција , одколку тоа да биде преку овластен канал.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико