Шведска донесе нов закон – сексот без изрична согласност од партнерот е силување | Правдико

Правдико

   

Шведска донесе нов закон – сексот без изрична согласност од партнерот е силување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Шведска стапи на сила закон кој овозможува сексот без претходна изрична согласност од страна на партнерот да се смета за силување, што подразбира кривично гонење. Со ова Шведска се приклучи кон неколку европски земји, пренесе „АП“.

Претходно во Шведска лицето можеше да биде кривично гонено за силување само доколку за тоа постоеше доказ или закана со насилство.

Според новиот закон, сексуалната активност за која нема согласност може да се смета за силување.

Владата на премиерот Стефан Левен го предложи новиот закон минатата година, по кампањата #MeToo, која разоткри случаи на непримерно сексуално однесување.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико