Шведска го крши правото на ЕУ со времето за чекање дозвола за престој | Правдико

Правдико

   

Шведска го крши правото на ЕУ со времето за чекање дозвола за престој

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шведската Агенција за миграции го прекршила правото на ЕУ со тоа што не издава дозволи за престој во договорените временски рокови, се вели во новата жалба до Европската комисија, пренесува „Локал“.

Шведска се најде во тужбата на Европската канцеларија за права до Европската комисија поради одложувања во издавањето дозволи за престој на државјани кои не се членки на ЕУ со членови на семејството кои се државјани на ЕУ. Според законот на ЕУ, овој вид дозвола (за повторно обединување на семејството) треба да се издаде во рок од шест месеци по поднесувањето на барањето иако шведскиот закон бара само дозволата да се издаде во рок од девет месеци.

Барањата кои мора да се исполнат за да се добие дозвола за престој на член на семејството во 2016 година претрпеле значителни промени. На пример, член на семејството што веќе е во Шведска треба да покаже дека може да обезбеди финансиски средства и за себе и за апликантот.

„Одложувањето на издавањето дозволи за престој влијае врз можноста на членовите на семејствата од земји што не се членки на ЕУ да водат нормален живот во Шведска”, се вели во изјавата на Европската канцеларија за права.

Додека ја чекаат дозволата, членовите на семејствата од земји што не се членки на ЕУ не можат да ја напуштат Шведска или да го докажат своето право на работа во земјата, што влијае врз нивните можности за кариера.
Ова е вторпат за помалку од една година Европската канцеларија за права да ја упати Шведска до Европската комисија. Последниот приговор, поднесен во ноември, се однесуваше на строгите правила за издавање личен број на граѓаните на ЕУ и на нивните членови на семејството во Шведска. И во Шведска, бројот на поплаки до Агенцијата за миграција испратени до Парламентарниот народен правобранител на земјата се зголеми за 255 отсто помеѓу 2014 и 2017 година, а времето на чекање е едно од најчесто повторуваните проблеми.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико