Правдико

   

Шведска ја враќа воената обврска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шведската влада одлучи воената обврска, укината во 2010 година, да биде повторно воведена од летото 2017 година образложувајќи го тоа со влошената безбедносна ситуација во Европа , а особено поради наводното зајакнато демонстрирање на воената моќ на соседната Русија.

„Ситуацијата се промени и владата сака постабилна метода за регрутирање и јакнење на нашите воени капацитети“, изјави за шведската новинска агенција ТТ, министерот за одбрана Петер Хултквист.

Владата објави дека доброволното служење на воениот рок „во вооружените сили не дава доволно обучен персонал, како и дека повторното воведување регрутации е неопходно за воената подготвеност во регионот“.

Шведска всушност нема заедничка граница со Русија, но реагираше на неколку кршења на воздушниот простор од страна на руски авиони на Балтик и Скандинавија, како и на јакнењето на руските сили во енклавата Калининград, која се наоѓа на другата страна на Балтичкото Море, точно наспроти Шведска.

Служењето на воениот рок ќе бидат подложени Швеѓани и Швеѓанките родени во 1999 година или подоцна, иако нема сите да бидат избрани за служење во армијата.

Се очекува дека 13.000 млади од 1-ви јули 2017 години ќе бидат повикани на регрутација, но само 4.000 навистина ќе заминат во војска, зависно за способностите и мотивацијата. Воениот рок ќе траат 11 месеци.

Нема дилеми дека законот ќе мине во парламентот, бидејќи ја има поддршката сите политички опции.

Шведска, којашто не почувствувала воен судир на својата територија повеќе од два века, ја укина воената обврска, бидејќи тогаш се чинеше непотребна.

Оваа земја не е членка на НАТО, но учествува во програмата Партнерство за мир.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико