Шведска министерка поднесе оставка поради возење во алкохолизирана состојба | Правдико

Правдико

   

Шведска министерка поднесе оставка поради возење во алкохолизирана состојба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

13082016130252_web_aida_hadzialic_Шведската министерка за образование со босанско потекло, Аида Хаџиалиќ денеска поднесе оставка откако полицијата ја запрела со возило и утврдила дека има 0,2 промила алкохол во крвта.

– Знам дека многумина се разочарани во мене. И јас сум сама лута на себе и многу жалам поради се ова, истакна Хаџиалиќ на прес-конференција, оценувајќи дека ја направила најголемата грешка во животот.

Таа објасни дека испила само две чаши вино, верувајќи дека алкохолот ќе исчезне од нејзиниот организам пред да влезе во автомобилот.

Хаџиалиќ го привлече вниманието на медиумите како најмлада министерка во шведската Влада, која дојде на функцијата во 2014 година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико