Правдико

   

Шведска повторно отвори истрага за Асанж

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шведското обвинителство донесе одлука повторно да ја отвори истрагата за наводите за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Според обвинителството, околностите се промениле откако Еквадор на Асанж му го укина азилот и сега има можност Британија да го екстрадира во Шведска.

Од обвинителство соопштија дека ќе бараат негова екстрадиција кога Асанж ќе заврши со отслужувањето на затворската казна во Британија, наредната година. Британските власти ќе треба да донесат одлука која екстрадиција ќе има приоритет, бидејќи Асанж е обвинет и во САД за објавување класифицирани материјали.

Барањето за повторно истрага било поднесено, минатиот месец од страна на адвокатот на жената која тврди дека Асанж ја силувал во 2010 година за време на неговата посета на Шведска. Ансанж ги негираше обвинувањата.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико