Шведска се откажува од истрагата за Асанж | Правдико

Правдико

   

Шведска се откажува од истрагата за Асанж

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шведска наскоро би можела да го повлече налогот за апсење на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кој во оваа земја се сомничи за силување. Имено, директорката на Јавното обвинителство на Шведска во петокот изјавила дека властите побарале од судот да го повлече налогот за апсење на Азанж и да биде завршен седумгодишниот процес кој се води против него.

„Главната обвинителка Маријан Нај денеска одлучи да ја прекине прелиминарната истрага за наводното силување за кое е осомничен Асанж“, се наведува во соопштението испратено од канцеларијата на обвинителката.

Џулијан Асанж стана планетарно познат откако Викиликс објави доверливи документи на Пентагон поврзани со Авганистан. Приказната ја пренесоа Гардија, Опсервер, Њујорк тајмс, Шпигл, а тој стана топ вест и лице од насловните страници.

Асанж и претходно преку Викиликс објавуваше доверливи документи, но во врска со Авганистан објави 90.000 документи кои им станаа достапни на сите, а тој стана во исто време и херој и предавник.

Откако документите за Авганистан беа објавени, против Асанж во Шведска беше покрената истрага поради обвиненија за силување и сексуално вознемирување и тогаш беше издаден налог за негово приведување.

Тој одби да им се предаде на властите бидејќи стравуваше дека ќе биде екстрадиран во САД, чии правосудни органи исто така бараат негово приведување. САД сметаат дека со објавувањето на документите, Асанж ѝ наштетил на американската национална безбедност.

Оттогаш Џулијан Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико