Шведски новинари на суд за шверцување дете од Сирија | Правдико

Правдико

   

Шведски новинари на суд за шверцување дете од Сирија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца вработени во шведската телевизиска станица СВТ се најдоа пред суд под обвинение дека во скандинавската земја прошверцувале сириско момче.

Новинарот Фредерик Оневал работел на документарец за мигранти кога во Грција го запознал сириското момче. Момчето, кое немало придружба, изразило желба да оди во Шведска, земја која во 2015 година прими рекордни 163.000 барања за азил.

Оневал, неговиот камерман и преведувач пред судот изјавиле дека го бележеле патот на 15-годишниот тинејџер кој патувал со автомобил, траект и со воз.

Новинарот признал дека платил за изнајмениот автомобил иако знаел дека момчето имало лажни документи.

На сириското момче во Шведска му е одобрен привремен азил.

Засега не е познато кога ќе им биде изречена пресудата.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико