Шведски обвинител одобрил изградба на џамија во замена за 3 000 гласа | Правдико

Правдико

   

Шведски обвинител одобрил изградба на џамија во замена за 3 000 гласа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден случај на „градежна дозвола за гласови“ предизвика сериозна дебата за правичноста на шведските избори, што резултираше со најмалку три полициски извештаи со обвинувања за неовластено мешање во изборите, па, сепак, обвинителството открило дека не е сторено кривично дело, објави таблоидниот дневен весник „Експресен“.

Џамијата Алби во шведскиот град Боткирка не ги прекршила законите кога понудила 3 000 гласа за Модератите во замена за дозвола за градба на нова џамија, пресуди главниот обвинител Алф Јохансон од шведската Канцеларија за корупција. Јохансон одлучи да ги отфрли двете истраги иницирани од полицијата и да не одобри трета бидејќи „немало кривично дело”. Според Јохансон, не е нелегално „заинтересираните страни” да постават политички барања во корист на сопствениот бизнис.

„Огромно мнозинство во оваа земја ги здружи силите во политички, религиски, еколошки, спортски, хуманитарни или други интересни групи. Претставниците на ваквите здруженија често ги искажуваат своите желби и барања до политичарите во корист на своите здруженија, почнувајќи од конкретни прашања, како што е изградбата на спортска сала или зачувување училиште до поапстрактни и нејасни барања, како што е подобрувањето на грижата за постарите лица,” објасни Јохансон.

Со повикување на своите членови да гласаат за одредена партија, под услов партијата да е подготвена да ги исполни интересите на групата, не значи дека групата бара незаконско влијание врз изборите ниту, пак, изразува намера да го стори тоа, тврди Јохансон. Тој објасни дека во овој случај било невозможно кривичното гонење зашто не е неговата работа да процени дали неуспешниот договор бил политички неетички или на некој начин несоодветен”.

„Тоа е како претседател на спортски клуб да го повика членството да гласа за Партијата на центарот бидејќи тие ветиле дека ќе изградат фудбалско игралиште за децата”, објасни Јохансон.

Бидејќи експертите, како што е политологот Бо Ротштајн, тврдеа дека случајот е еднаков на корупцијата, која се покажала како негативен ефект врз другите демократии, попустливоста на обвинителството предизвика вознемиреност кај шведските социјални медиуми. Додека некои тврдат дека обвинителот е „ретардиран или политички активист, или можеби и двете”, други тврдат дека случајот би довел до хаос ако станувало збор за други партии, како на пример десничарските Шведски демократи.

Непосредно пред парламентарните избори во Шведска на 9 септември, поранешниот лидер на Зелените во Боткирка, Али Калил, организирал таен состанок меѓу локалните лидери на џамијата и Модератите, при што на ривалите на неговата партија им биле понудени неколку илјади гласа од муслиманската заедница во замена за градежна дозвола за нова џамија. Ако договорот поминел, тоа ќе резултирало со промена на власта во општината. По скандалот, Али Калил ја напуштил функцијата во Зелената партија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико