Правдико

   

Шврговски ќе го брани Мијалков во сите случаи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатот Љупчо Шврговски најави дека ќе поднесе приговор на обвинителниот акт поднесен од Специјалното јавно обвинителство за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е обвинет во случаите „Тврдина“ и „Таргет“.

Поранешниот државен јавен обвинител Шврговски ќе го застапува Мијалков и во сите други случаи во кои обвинителството на Катица Јанева има поднесено  обвиненија против поранешниот прв човек на УБК.

Шврговски рече дека ќе му треба време да ги разгледа сите обвиненија и дека со новинарите поинтензивно ќе се гледа од септември во судот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико