Шврговски: Се разгледуваат сите можности, спогодба за грабежот на НЛБ не е постигната | Правдико

Правдико

   

Шврговски: Се разгледуваат сите можности, спогодба за грабежот на НЛБ не е постигната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одбраната на скопјанецот Бобан С. (40) кој е осомничен дека го “олеснил” трезорот на НЛБ банка за 3 милиони евра, ги разгледува сите можности, но спогодба со обвинителството не е постигната. Адвокатот на осомничениот, Љупчо Шврговски за “Утрински” вели дека е во тек истражна постапка, поради што во овој момент не може да ги открива деталите како ќе се бранат на суд.

“Постои законска можност за спогодба со Обвинителството и секако ќе се разгледува и таа опција, но во овој момент не е донесена никаква одлука. Останува да видиме што ќе се случи во понатамошниот дел од постапката, во договор со клиентот”, вели Шврговски.

“Дневник” повикувајќи се на извори од истрагата објави дека трезористот побарал да се спогоди со Обвинителството и со признание на вина да добие помала казна, но не и да каже каде се парите. Бобан С., кој е во триесетдневен притвор во затворот во Шутка, не сакал да каже каде се украдените 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, а за која кражба дополнително беа осомничени неговиот брат Горан С.(44), неговиот пријател Борис М.(38) од Скопје како и Е.П.(24), вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ.

Според полицијата, трезористот во три наврати од 4 до 10 април од трезорот на различни начини зел 3 милиони евра, по што на 11 април, Борис М. со автомобил “голф” ги пренел парите во Србија, но не е познато дали таму останал или продолжил кон некоја друга држава. Тој бил уапсен седум дена подоцна на граничниот премин Табановце кога се вратил во земјава.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико