Силувано 16 годишно девојче во Виница | Правдико

Правдико

   

Силувано 16 годишно девојче во Виница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шестнаесет годишна малолетничка била силувана на градскиот стадион во Виница.

Во МВР било пријавено дека таа заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. (18) насилно ја однел  кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико