Силувано шест годишно девојче во Свети Николе | Правдико

Правдико

   

Силувано шест годишно девојче во Свети Николе

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Родители на шестгодишна девојче од светиниколско село вчера пријавиле дека на нивната ќерка и биле извршени полови дејствија.

08112016142814_web_siluvane

Додека девојчето било во дворот од нивната куќа, поминал М.П (59) од истото село кој ја повикал со него за да и даде батериски ламби и радио да си игра. Бидејќи биле соседи девојчето отишло и седнало на еден од креветите во просторијата која се наоѓала во близина на нејзиниот дом. Веднаш потоа М.П. започнал да врши полови дејствија, по што девојчето се исплашило и побегнало дома.

Од страна на полициски службеници, лицето М.П. е приведено во полициска станица во Свети Николе, а по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико