Правдико

   

Синдикатот бара и војниците да добијат награда за справувањето со ковид-19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Синдикатот на одбраната и безбедноста бараат парична награда за вработените во Министерството за одбран и за војниците за нивниот придонес во надминувањето на состојбата со ковид-19 во земјата. На денешната прес-конференција од Синдикатот побараа помош од 10 илјади денари за март, април и мај годинава за секој месец за придонесот и дополнителниот ангажман.

Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирусот, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата состојба, вели тој,се одговорни Министерството и Армијата.

Војската ќе ги чува границите, ќе ги контролира патиштата и ќе ги обезбедува виталните објекти

Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на објектите од витално значење како што се Претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, заштита на КПУ, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои престојуваат лицата во државен карантин, поддршка на локалната самоуправа и другите институции во севкупниот напор за спречување на пандемијата и отстранување на последиците од неа.

Од Синдикатот искажаа револт за, како што посочија, лошите услови за работа и непочитување и намалување на правата од работен однос на вработени во МО и АРМ.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико