Синдикатот на УПОЗ бара итно да се сменат новите закони за администрација | Правдико

Правдико

   

Синдикатот на УПОЗ бара итно да се сменат новите закони за администрација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Итно да се повлечат законите за администрација и судски службеници, бидејки се лоши, нецелосни, неуставни и се на штета на вработените. Ова вчера го побара синдикатот на УПОЗ. Најспорно според нив е оценувањето на вработените, бидејќи секој месец ќе има кратење на плати, а со само една добиена негативна оценка и отказ од работа.

109045
Во исто време, во ССМ во подготовка е и изборот за претседател. Противкандидатот на актуелниот Митревски, Симон Сиљановски кој беше предвреме елиминираниран на седницата на советот, за 24 Вести вели дека на нелегитимен начин е отфрлена неговата кандидатура.

ССМ за осум дена треба да му одговори дали Сиљановски останува во игра за претседател на конгресот закажан 21 идниот месец.

Претходно, причината за отфрлрната кандидатура на Симон Сиљановски ССМ ја наведе во неисполнетите критериуми за претседател на оваа институција.

Инаку, поради разединетоста на синдикатите на први мај на Денот на трудот закажани се две манифестации. Едниот е Марш на солидарноста организиран од акутелниот претседател на ССМ Живко Митревски, а другиот пак предводен од 6 синдикати на ССМ, независни синдикати и невладини организации, кои ќе протестираат под мотото – „Не бидете опуштени, може да бидете отпуштени.“

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико