Синоќа 103 лица го прекршиле полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Синоќа 103 лица го прекршиле полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка.

63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико