Правдико

   

Сиријски мигранти ограбиле охриѓанец

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сиријски мигранти нападнале охриѓанец, кој под закана со пиштол бил врзан  и ограбен.

Настанот се случил вчера, околу 06.00 часот, во Охрид, на ул. „Стив Наумов“, кога во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат.

Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзал рацете. Откако го заврзале, му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец. З.Ќ. бил пронајден во 07.15часот.

Истиот не е повреден. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико