Сириските бунтовници и силите на Асад, постигнаа примирје | Правдико

Правдико

   

Сириските бунтовници и силите на Асад, постигнаа примирје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сириските бунтовници и силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, се договорија за шестмесечен прекин на огнот во градот Забадани и во шиитските градови Фуаа и Кафра, пренесува ДПА.

25092015010953_basar al asad

Според договорот контролираниот од бунтовниците Забадини, кој е во близина на границата со Либан, нема да биде бомбардиран во период од шест месеци од сириските владини сили. Во замена бунтовниците ќе ја прекинат на шест месеци опсадата на двата шиитски градови Фуаа и Кафра во северозападниот дел на земјата.

Договорот е постигнат со посредство на Турција и Иран и тој беше поздравен од ОН, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико