Сириза победи, Ципрас пак во коалиција со Каменос
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Коалицијата на радикaлнатa левица (Сириза) на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас победи на вчерашните вонредни парламентaрни избори во Грција, освојувајќи 34,47 отсто од гласовите, соопшти рано изутринава грчкото Министерство за внатрешни работи врз основа на 99,4 отсто преброени гласачки ливчиња.
Според овие резултати, Сириза во новиот грчки Парламент ќе има 145 пратеници, што е за шест помалку од потребните 151 за парламентарно мнозинство.
На второто место се пласира конзервативната партија Нова демократија со освоени 28,09 отсто од гласовите и 75 пратенички места, пред неофашистичката партија Златна зора со 6,98 процети и 18 мандати и Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) со 6,28 отсто и 17 пратеници во Парламнетот.
Изборниот праг од три проценти неопходен за освојување пратенички мандати го минаа и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,55 отсто освоени гласови, партијата Потами со 4,09, Незавсини Грци со 3,69 и Унијата на центристите со 3,43 проценти. Врз основа на овие резултати, комунистите освоија 15 мандати, Потами 11, Независни Грци 10 и центристите 9 пратеници.
Одѕивот на изборите бил 56,11 отсто, што претставува рекордно ниска излезност на едни парламентарни избори во Грција.
Ципрас уште синоќа по објавувањето на првичните резултати од изборите оцени дека победата на неговата партија претставува „победа на народот“.
– Грчкиот народ ни даде јасен чеитригодишен мандат… Се боревме против многу посилни од нас и Сириза докажа дека е премногу жилава за да умре, бидејќи има длабоки врски со народот, порача Ципрас.
Тој најави дека Сириза повторно ќе формира коалиција со поранешниот коалициски партнер, партијата Независни Грци, што потоа го потврди и нејзиниот лидер Панос Каменос.
– Уште утре ќе ги спрегнеме ракавите и ќе продолжиме да работиме на изградба на една праведна и силна Грција, порача Ципрас.
Лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Евнагелос Меимаракис, го призна поразот на изборите и им честита на Сириза и на Ципрас на победата.
Победата на Сириза на изборите и ја честитаа повеќе европски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, австрискиот канцелар Вернер Фајман, претседателот на Кипар, Никос Анстасијадис и првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Оланд оцени дека побдата на Сириза претставува „важна порака за европската левица“, додавајќи дека на Грција и претстои „период на стабилност со солидно мнозинство“.
Честитајќи му ја победата на Ципрас, претседателот на Европарламентот, Шулц повика на брзо формирање стабилна влада која „ќе оставрува резултати“.
Извор: Утрински Весник