Сириза со предност од само 0.5 проценти пред Нова Демократија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во пресрет на предвремените избори на 20 септември, грчката левичарска партија Сириза води за само 0,5 проценти пред Нова Демократија – според резултатите на најновите спроведени истражувања и анкети.
Партијата на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, според анкетата на агенцијата Пулс за грчката телевизија Акција24, освои 26,5 отсто од гласовите, а Нова демократија 26 отсто.
Ципрас влезе во оваа изборна кампања како најголем фаворит, но се повеќе анкети објавени во последните неколку дена покажуваат дека неговата Сириза се носи “рамо до рамо” со конзервативната Нова демократија на Вангелис Меимаракис.
Ципрас поднесе оставка од премиерската функција кон крајот на август, само седум месеци по почетокот на мандатот од четири години, како одговор на пратеничкиот бунт на ултра левичарска Сириза, надевајќи се дека со тоа ќе ја зајакне својата политичка позиција.
Сега се чини дека изборниот резултат ќе биде неочекувано тесен и неизвесен.
Извор: Blic.rs