Системот на локална самоуправа во Македонија | Правдико

Правдико

   

Системот на локална самоуправа во Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

300px-opstini_vo_makedonijaМакедонија има едностепен систем на локална самоуправа. Општините се единици на локална самоуправа. Градот Скопје, како главен град, има малку поинаков систем на локална власт со мешавина на општини и град со  надлежности од поширока градска природа. Законодавството им дава право на општините да формираат и да делегираат некои од своите надлежности кои се од локално значење на жителите на месните заедници. Овие урбани и/или месни заедници немаат својство на правно лице и поради тоа не може да се опишат како посебен степен на локална власт. Тоа се локални конгломерации кои се грижат за интересите на локалното население.

Општините во Македонија се автономни во извршувањето на нивните уставно и правно дефинирани надлежности. Сепак, надзор над нивната работа се врши и тој надзор над законитоста на нивното работење е во надлежност на централната власт. Општините не се предмет на административни инструкции; тие треба само да се усогласат со одредбите од законодавството и да постапуваат и да ги остваруваат своите надлежности согласно со Законите. Како што е вообичаено во Европа, општините уживаат генерална моќ на надлежност. Нормативните активности на општините се реализираат преку усвојување на Статут и други акти кои треба да се објават пред да стапат на сила. Објавувањето на овие документи се врши во локалните Службени весници/гласници.

Во духот на Повелбата за локална самоуправа на Советот на Европа, општините имаат финансиска автономија и им се загарантирани сопствени средства  од приходи во форма на удели од данок, локални даноци и наменски дотации. Дозволено им е да се задолжуваат во висина на законски утврдена граница од вкупните приходи на општината.

Големината на општините во Македонија ниту е спектакуларно голема ниту пак особено мала кога ќе се спореди со другите европски земји. Просечната големина на населението во општините во Македонија (24,078.) е всушност повисока отколку во многу други земји во транзиција (10,345 во Словенија и 15,608 во Полска). Во однос на големина на површината, како резултат на голема концентрација на население во поголемите градови (скоро 1/3 од населението живее во главниот град Скопје) и фактот што големи делови од земјата се планински терени, општините во Македонија во просек се поголеми по големина на површината отколку оние во земји слични по големина (на пр. просечната големина во Македонија е 306 км2, додека во Словенија просекот изнесува само 105 км2).

Општините во Македонија не може да бидат многу мали затоа што не постои друга административна структура (локална власт или централна власт) која се наоѓа меѓу централното и локалното ниво. Во другите земји во транзиција постојат административни субјекти над примарното општинско ниво, било тоа да се региони или под-региони (околии).  Сепак, тие во просек се помали отколку во некои земји (на пр. Бугарија) кои имаат или планираат да имаат втор степен на локална самоуправа. Во Македонија е одбран правец согласно кој Македонија се откажа од фрагментација и ја зголеми односно рационализираше просечната големина на своите општини како резултат на територијалната организација.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико