Правдико

   

Сите детали од договорот за решавање на политичката криза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bf76f714-93d6-42dd-b136-9658513f9872-og

До доцна во ноќта партиските лидери ги договараа деталите за излегување од политичката криза. Договорот има осум точки:

1. На 1 септември, годинава СДСМ се враќа во Собранието.

2. На 20 октомври, годинава ќе биде назначен нов министер за внатрешни работи, кој ќе го номинира СДСМ во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа ќе биде технички министер.

3. На 20 октомври, годинава ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика номиниран од СДСМ.

4. На 20 октомври, годинава ќе бидат назначени нови заменици-министри на следниве министерства:

-Министерство за внатрешни работи по номинација од ВМРО-ДПМНЕ

-Министерство за труд и социјална политика по номинација од ВМРО-ДПМНЕ

-Министерство за финансии по номинација од СДСМ

-Министерство за земјоделство по номинација од СДСМ

-Министерство за информатичко општество и администрација по номинација од СДСМ

Министрите и замениците-министри ќе имаат право на вето за сите финансиски, персонални и правни работи поврзани со изборите и ќе останат на функцитте во новата преодна Влада.

5. Актуелната Влада ќе поднесе оставка за новата преодна Влада да се заколне во Собранието до 15 јануари 2016 година односно 100 дена пред да се одржат парламентарните избори на 24 април 2016 година. Новата преодна Влада ќе биде предводена од премиер номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, а неговата програма ќе биде лимитирана на организирање на предвремените парламентарни избори.

6. Претходната точка дека актуелната Влада ќе поднесе оставка 100 дена пред следните избори и дека новата Влада ќе биде назначена важи за изборите во април 2016 година, подразбира дека најбрзо што може треба да се спроведат сите потребни законски измени за изборниот процес во иднина.

7. Политичките партии се обврзуваат да го спроведат договорот со добра намера. Тие се обврзуваат да избегнуваат какви било опструкции околу одржувањето на изборите на 24 април 2016 година.

8. До 15 септември, 2015 година ќе биде назначен специјален јавен обвинител со целосна автономија кој ќе биде задожен за истрагата поврзана со прислушуваните разговори. Тој ќе биде назначен со поддршка од сите политички партии потписнички на договорот.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико