(Сите детали) Професионалец ги убил мајката и синот во Козле | Правдико

Правдико

   

(Сите детали) Професионалец ги убил мајката и синот во Козле

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Зад двојното убиство во Козле најверојатно стои професионален убиец кој ги испланирал сите детали на злосторот, кон овој заклучок води истрагата за убиство на турските државјани Самет С. и неговата мајка Ѓулчин Е, објави Телма.

acbbdaf9-6b17-457b-ba33-0495e0590d4d-pukanje

Истрагата утврдила дека во куќата биле одвртени сите сијалици и убиецот делувал во мрак кога 29-годишниот Самет С. се вратил од излегување.

Неговото тело со куршум во главата е најдено до креветот на кој спиел, а неговата мајка е убиена истотака само со еден куршум додека лежела на креветот. Првичните претпоставки се дека прво била убиена жената, а потоа убиецот скриен во темница го чекал нејзиниот син.

На телото и на устата на убиениот е најден бел прав сличен на брашно, објави Телма.

Турската полиција уште не пратила повратен одговор дали жртвите имале кривични дела во нивната татковина, а преку Интерпол и во Македонија немало потерници по нив.

„Итно јави ми се на другиот телефон“ е последната смс-порака која убиената Ѓулчин Ерчобан ја добила на нејзиниот мобилен телефон. Пораката е испратена од Турција, пишуваат другите македонски медиуми.

Гостите од Турција на 20. јули со автомобил стигнале во земјава, а со нив бил и братучедот на убиениот Самет. По една недела братучедот ги замолил да му викнат такси и се одвезол на аеродром, по што се вратил дома. Ден потоа, се случило убиството.

Се вештачи и автомобилот БМВ со кој се дојдени гостите, а МВР нема осомничени.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико