(Сите детали) Што содржи новиот, одлучувачки предлог на Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грција доцна синоќа предложи нови мерки, вклучувајќи зголемување на данокот на бродските компании и отстранување на даночните олеснувања за островите, објави Ројтерс.
Новите предлози на грчката влада кон доверителите предвидуваат значајни зголемувања на данокот на додадена вредност и намалување на државните расходи за пензии, истакнувајќи дека Грција сака нов спасувачки пакет во износ од 53,5 милијарди евра.
Ројтерс наведува дека предлозите за реформи вклучуваат цел за примарниот суфицит од 1 процент во 2015 година и 2 проценти во 2016 година.
Предвидено е исто данок на додадена вредност од 23 проценти за рестораните и угостителството и 13 проценти за хотелите, како и зголемување на корпоративниот данок во 2015 година.
Владата, исто така, планира да го зголеми данокот на луксузните имоти, како и да се наметне веднаш данок на телевизиските реклами.
Грција предлага да ги намали трошоците за одбрана со 300 милиони евра до крајот на 2016 година.
Владата си постави за цел да заштеди 1 процент од бруто домашниот производ од намалување на трошоците за пензии во 2016 година, и да стави крај на раното пензионирање.
Исто така Грција очекува финансирање во вредност од 53,5 милиони евра за да ги покрие своите обврски по кредитите до крајот на јуни 2018 година. Според предлогот Атина треба да ги добие парите од спасувачкиот фонд на еврозоната – Европскиот стабилизационен механизам.
Извор: еМагазин