Сите детали за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во однос на употребата на светлата во сообраќајот, од аспект на постојните решенија по предметното прашање, предложениот закон предвидвидува поинакво решение, со кое се утврдува задолжителна употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост и тоа на моторните возила.
По исклучок од наведените случаи, обврската за задолжителна употреба на запалени светла не се однесува на возило што е запрено или паркирано на осветлен дел од патот, така што јасно може да се гледа од доволна оддалеченост; возило што е запрено или паркирано на за тоа посебени определени места на коловозот или надвор од него или на улици со послаб сообраќај и велосипед, велосипед со мотор и мотоцикл, кога се запрени или паркирани во населено место, покрај самиот раб на коловозот.
Се уредуваат прашањата на растојание помеѓу возилата, сообраќајот на трамвај и други возила на шини, сообраќајот на велосипеди, велосипеди со мотор, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли, сообраќајот на мобилни машини и мотокултиватори, сообраќајот на запрежни возила и движење на добиток, во чии рамки се предвидено конкретни обврски за возачите кои управуваат со наведените категории на возила, односно лицата кои тераат добиток, како и останатите учесници во сообраќајот, под услови и на начин утврдени во посочените членови.
Предвидени се обврски за носење на заштитен шлем на главата за време на возењето на патот за возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, како и ноќе и во услови на намалена видливост носење на рефлектирачки елек. Со предметното решение се предвидува посебна пасивна опрема за возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост, која се состои од употреба на сигурносен-рефлектирачки елек за време на возењето на патот, кој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на велосипедистите, лицата кои се превезуваат со велосипед и другите учесници во сообраќајот.
Од особено значење во однос на обврските на возачите кон пешаците на патот, е задолжителната обврска на возачот на моторно возило, во случаи кога сообраќајот на обележан пешачки премин е регулиран со светлосни сообраќајни занци или со знаци што ги дава униформиран полициски службеник, да го запре своето возило пред пешачкиот премин кога со дадениот знак му е забрането минување, а ако на таков премин со дадениот знак му е дозволено минување возачот не смее да го попречува минувањето на пешаците кои веќе стапиле на пешачкиот премин.
Воедно, ако на обележаниот пешачки премин сообраќајот не е регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, ниту со знаци на униформиран полициски службеник, предвидена е задолжителна обврска за возачот кон таквиот пешачки премин да се доближува со доволно умерена брзина односно да го запре своето возило со цел да ги пропушти и не ги загрози пешаците кои стапиле или стапуваат на пешачкиот премин.
Уредени се прашањата што се однесуваат на сообраќај на премин на пат преку железничка пруга, сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, како и на сообраќај во тунел, а се разработуваат одредени посебни категории на возила и тоа: возила под придружба, возила со право на првенство на минување, како и возила со жолто ротационо светло.
Во овој дел, имајќи ги предвид спецификите што се однесуваат на возилата со право на првенство на минување, се предлага проширување на законски пропишаните возила кои припаѓаат на оваа категорија. Предвидена е обврска на возило на посебно опремено возило за транспорт на пари и други вредносни пратки за задолжително вградување на најмалку едно ротационо светло што дава светлина во жолта боја. Предложеното решение е во релација со одредбите на член 35 од Законот за приватно обезбедување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 166/12 и 164/13), а кои се однесуваат на задолжителна опрема која треба да ја има посебното опремено возило кое врши транспорт на пари и други вредноси пратки во насока дека на предметното возило задолжително треба да биде вградено најмалку едно ротационо светло што дава светлина во жолта боја.
Со ова системско законско решение ќе биде уредено вградувањето и употребата на „жолтото ротационо светло“ на посебното опремено возило кое врши транспорт на пари и други вредноси пратки, кое не е предмет на уредување на Законот за приватно обезбедување. Со предложеното решение ќе се овозможи заштита на животот на работниците за обезбедување, на пратката која се пренесува, зајакнување на безбедносните мерки кои се преземаат при обезбедувањето на транспортот, како и нивно безбедно учество во сообраќајот на патиштата, со што возачот кој ќе наиде на предметното возило е должен да вози со посебно внимание, а по потреба и да го запре возилото.
Воедно, возило со кое се превезува предимензиониран товар, во случај кога товарот надминува повеќе од еден метар од најоддалечената точка на задната страна на возилото или товарот на моторното односно приклучното возило странично надминува повеќе од 40 сантиметри од надворешниот раб на предното или задното светло за означување на возилото, задолжително треба да биде обележано со најмалку едно ротационо светло што дава светлина во жолта боја.
Одредбите кои се однесуваат на вонреден превоз на возила што не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување и за кои не постои можост да се доведат во таква состојба. Во овој дел се разработуваат условите за издавање на согласнот за вонреден превоз од страна на Министерството за внатрешни работи, како и начинот на изведување на вонредениот превоз и трошоците за негово обезбедување. Возилата за кои при излез од територијата на Република Македонија, на граничен премин е утврдено дека не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување и не постои можност да се доведат во таква состојба, може без дозвола за вонреден превоз да им се овозможи излезот од територијата на Република Македонија, доколку полицискиот службеник им издаде прекршочен платен налог со соодветна глоба. Со предметното решение се врши дополнување на постојното решение со што ќе се намали времето на чекање на граничниот премин за излез од територијата на Република Македонија.
Одржувањето на спортски и други приредби на патот, во чии рамки се предвидени условите и начинот на одржување на спортски и други приредби на пат, вклучувајќи го одобрението неопходно од Министерството за внатрешни работи, по претходна согласност од правното лице надлежно за одржување на пат, обврските за организаторот на приредбата да изработи соодветен сообраќаен проект, како и начинот на обезбедување на приредбата на патот.
Посебен дел во рамки на оваа Глава, се однесува на превозот на лица со возила и општите услови за превоз на лица со возила. Во таа насока, имајќи ја предвид воспоставената практика на превоз на животни во патничките автомобили, предвидена е можност за превезување на животни, само во посебно изработени заштитни кутии, предложено пред се во функција на превентивните мерки што се преземаат заради безбедност на сообраќајот на патиштата. Во продолжение на наведената точка, се уредуваат прашањата на превоз на лица со автобус, превоз на лица со товарни моторни возила, превоз на лица со приклучно возило што го влече трактор или мотокултиватор, како и превоз на лица со други возила.
Се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење. Со предметното решение се врши усогласување со Директивата на Советот од ден 16 декември 1991 за приближување на законодавството на земјите-членки за задолжителна употреба на сигурносни појаси во возила со тежина помалку од 3,5 тони (91/671/EEЗ) и воедно зголемување на безбедноста на децата што се превезуваат во возилата и Директивата на Европскиот парламент и Советот бр. 2003/20/ЕЗ од 8 април 2003 година, како дополнување на Директивата на Советот бр. 91/671/ЕЕЗ за усогласување на законите на државите членки во врска со задолжителна употреба на сигурносните појаси во возилата со тежина до 3, 5 тони.
Глава ,,IV. Систем на.сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патиштата“,
Пропишани се сообраќајните знаци со кои на учесниците во сообраќајот им се соопштуваат ограничувања, забрани и обврски. Во таа насока, имајќи ги предвид постојните решенија во однос на видовите на сообраќајни знаци (знаци за опасност, знаци за изречни наредби и знаци за известување со дополнителна табла или без неа, која е составен дел на сообраќајниот знак и која поблиску го определува значењето на сообраќајниот знак, светлосни сообраќајни знаци, ознаки на коловозот, на тротоарот и слично и светлосни и други ознаки на патот), предвидена е нивна еднообразност на територијата на Република Македонија, како и испишување на сообраќајните знаци за известување и дополнителните табли што се составен дел на сообраќајните знаци, на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на англиски и француски јазик и нивното писмо, а во подрачјата на единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и на тој службен јазик и писмо.
Законски се дефинира и сообраќајната опрема (опрема за означување на работите на коловозот, опрема за означување на врвот на пешачкиот остров, опрема за означување на работи, препреки и оштетувања на коловозот, опрема за водење и насочување на сообраќајот, опрема за забавување на сообраќајот и друга опрема).
Во оваа Глава, се разработуваат одделните видови сообраќајни знаци (знаци за опасност, знаци за изречни наредби и знаци за известување), нивното значење и начин на обележување и изведување, светлосните сообраќајни знаци и светлосните ознаки, вклучувајќи го и начинот на поставување на уредот со кој истите се даваат; ознаките на коловозот, обележувањето на премин на пат преку железничка пруга, обележувањето на работи и пречки на патот, како и знаците што ги даваат униформираните полициски службеници на Министерството за внатрешни работи. Извршено е дополнување на уредите со кои се даваат светлосни сообраќајни знаци со тробојни светла со црвена, жолта и зелена, дека треба да бидат опремени со звучни и вибрациони уреди.
Со предложеното решение се врши допрецизирање на постојните уреди кои даваат светлосни сообраќајни знаци односно вршат регулирање на сообраќај и на велосипедисти со дополнително вградување на звучни и вибрациони уреди кои овозможуваат самостојно движење на лицата со посебни потреби во сообраќајот. Семафорите кои ќе имаат дополнително вградени звучни и вибрациони уреди наменети за лица со посебни потреби ќе придонесат за зголемување на безбедноста на предметната категорија на лица кои се јавуваат како самостојни учесници во сообраќајот. Извршено е допрецизирање на светлечката односно темната површина на семафорот со силуета на велосипедист.
Една од значајните новини во однос на знаците за опасност, знаците за изречни наредби и знаците за известување, кои се поставени на автопат или тунел подолг од 500 метри, е нивното изведување, кое треба да биде на начин кој согласно моменталните услови и околности на сообраќајот на автопатот односно негов дел или во тунелот, ќе можат да го менуваат своето значење (променливи сообраќајни знаци). Ваквото решение претставува дел од европските искуства во однос на изведување сообраќајни знаци, кои по потреба, согласно условите на сообраќајот, можат да се менуваат од еден Централен оперативен центар, заради соодветно водење односно регулирање на сообраќајот во наведените услови.
Глава ,,V. Должности во случај на сообраќајна незгода“,
Во оваа глава се уредуваат обврските на лицата кои ќе се затекнат или ќе наидат на место на сообраќајна незгода во која има повредени лица, како и обврските на учесникот во сообраќајна незгода во која е загинато или повредено лице или настанала поголема материјална штета (останување на местото на сообраќајната незгода, со можност за привремено оддалечување само заради давање помош на лицата повредени во сообраќајната незгода или ако нему му е потребна лекарска помош, преземање соодветни мерки заради отстранување на нови опасности кои можат да настанат на местото на сообраќајната незгода, а особено: поставување на посебниот знак за означување на запрено возило на коловозот или со други соодветни знаци да ги извести учесниците во сообраќајот за настанатата опасност, обезбедување на возилото од самотргнување, обезбедување на товарот на возилото да не падне или да не се растури по коловозот, преземање мерки за спречување на избувнување пожар или експлозија и слично, известување на Министерството за внатрешни работи за сообраќајната незгода и враќање на местото на сообраќајната незгода и пречекување на доаѓањето на полицискиот службеник кој врши увид).
Од особено значење е новата одредба во овој дел, која се однесува на обврската за учесникот во сообраќајна незгода, при преземање на наведените дејствија, да настојува да не се промени состојбата на местото на сообраќајната незгода со цел да се зачуваат постојните траги, само под услов со тоа да не се загрозува безбедноста на сообраќајот.
Имајќи ги предвид компаративните искуства во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а особено во делот на сообраќајните незгоди, се предвидува возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот, кој возачите-учесници во сообраќајната незгода го пополнуваат и потпишуваат кога се согласни за начинот на кој се случила сообраќајната незгода.
Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица, а истиот го обезбедува и го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро за осигурување на Република Македонија. Со предложеното решение се сака да се отстранат практичните проблеми односно возачите по отстранување на возилата од местото на незгодата, да не пристапат кон пополнување и потпишување на Европскиот извештај, со што се оневозможува спроведувањето на понатамошната постапка, односно вршење на увид.
Во однос на обврската за полициските службеници на Министерството за внатрешни работи за излегување на место на сообраќајна незгода, предвидена е обврска за нивно излегување на местото на сообраќајна незгода во која има загинати или повредени лица или настанала поголема материјална штета и составување записник за увидот, додека во местото на сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, полициските службеници на Министерството за внатрешни работи, ќе излезат на местото на сообраќајната незгода, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи кога: едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано, едно од возилата има странска регистарска таблица, еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанци, еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола, на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило, еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото, еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода и ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.
Глава ,,VI. Кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центи и возачки дозволи“,
Во оваа глава се уредуваат прашањата сврзани со условите за управување со моторно возило, автошколите, испитните центри, полагањето на стручен испит за вршење работи во автошкола и испитен центар и на испит за возач-инструктор, услови за стекнување право на управување со возило, полагање на возачки испит на кандидат за возач, возачки дозволи и здравствениот преглед на кандидат за возач и возач.
Имено, во однос на условите за управување со моторно возило, предвидено е со моторно возило во собраќајот на пат, да може самостојно да управува само лице кое има важечка возачка дозвола, странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола.
Воведени се повисоки услови и страндарди кои треба да ги исполнуваат вработените во автошколите и испитните центри и тоа: стручниот раководител, предавач по наставна програма (теоретски дел) и возач-инструктор во автошколата, раководителот, контролорот, претседателот на испитна комисија, испитувачот по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувачот по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитниот центар.
Исто така, за наведената категорија на работници во автошколите односно испитните центри се воведени и лиценци и тоа: лиценца за предавач по наставна програма (теоретски дел) во автошкола и лиценца за возач-инструктор во автошкола, како и лиценца за контролор, лиценца за испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и лиценца за испитувач по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитен центар. Истовремено се превидени и основи за одземање на лиценци за наведените категории на работници, како одземање на лиценцата на автошколата и испитниот центар.
Воведена е целосна постапка за спроведување на стручен испит со предвидување на комисии за полагање, комисија за верификација на прашања и комисија за ревизија за електронскиот начин на полагање на стручен испит за предавач и возач-инструктор во автошколата, контролор, испитувач по наставна програма од сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма од управување со возило (практичен дел) во испитен центар.
Целта на воведување на овие одредби е подобрување на процесот на обука на кандидати за возачи и поквалитетно и објективно спроведување на возачкиот испит, а од друга страна и воспоставување на индивидуална одговорност на стручните лица во автошколите и испитните центри со цел превенирање и спречување на можни злоупотреби.
Условите за стручен раководител и контролор во испитен центар врз основа на извршена анализа е утврдено дека во испитните центри не може да се исполнат условите во поглед на „возачки дозволи“ за сите категории, туку само со исполнување на условот возачка дозвола за возач-инструктор, од причини што не можат да се обезбедат стручни раководители и контролори ќе се појави застој во работата на испитните центри. Со оглед на тоа што за секоја категорија потребно е да измине проток на определено време од три години, за да може да се стекне со полагање од повисоката категорија, додека кај директно вклучените субјекти во испитниот процес (претседател и членови на испитна комисија) нема никакви промени.
Во делот на „возачки дозволи“ се определени условите за издавање на возачка дозвола, видовите на возачки дозволи, образецот на кој истите се издаваат, издавањето на нова возачка дозвола во случај кога истата е изгубена, уништена или оштетена на начин што оневозможува нејзино користење, условите и начинот на признавање и користење на странска возачка дозвола во Република Македонија, како и начинот на издавање на меѓународна возачка дозвола. Во овие рамки, предложениот закон го потврдува решението со кое се изврши усогласување на категориите на возачки дозволи во рамките на националното законодавство, со прифаќање на категориите на возачки дозволи утврдени во европските директиви. Во однос на образецот на возачката дозвола, односно податоците што се запишуваат во него, во предложениот закон е предвидено образецот на возачката дозвола да се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на англиски јазик и неговото латинично писмо.
Податоците во образецот на возачката дозвола ќе се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо (ICAO Doc. 9303), при што на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, на нивно лично барање, образецот на возачката дозвола ќе се печати и податоците во него ќе се запишуваат и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Воедно, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од службениот јазик, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат во возачката дозвола се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот и на основно латинично писмо (ICAO Doc. 9303). Во образецот на возачката дозвола, редните броеви со кои се нумерирани рубриките во кои се запишуваат податоците и интернационалните ознаки (кодови) за категории возила за кои важи возачката дозвола, како и интернационалната ознака (код) на Република Македонија, се отпечатени на основното латинично писмо (ICAO Doc 9303).