Сите информации за вакцинација од денес достапни на kovid19vakcinacija.mk
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пуштена е во употреба онлајн-платформата kovid19vakcinacija.mk, на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.
Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сиблимирани и достапни тука. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19, vakcinacija.mk.
„Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести, кои спасуваат милиони животи во светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје, кое треба да стави крај на пандемијата“, соопшти Министерството за здравство.
Извор: Макфакс