Сите нотари ќе треба да полагаат стручен испит за проверка на знаењето | Правдико

Правдико

   

Сите нотари ќе треба да полагаат стручен испит за проверка на знаењето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

notary-bondСо новиот Закон за нотаријатот во глава 2 од предлог законот кој се однесува на именување на нотарите и престанок на нивната служба подетално се разработуваат условите и постапката за именување на нотар при што се почитува и начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците

Како новина кој би следела доколку овој закон се изгласа во Собранието  именуваните нотари треба да полагаат стручен испит за проверка на знаењата на секои 7 години од денот на последното полагање, а постојните нотари овој испит треба да го положат во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон.

Стручниот испит за проверка на знаењата содржи 30 прашања со пет можности за избор од кој една е точна, две се слични, една е неточна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една е неточна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). Нотарот го положил стручниот испит ако положи повеќе од 70% од вкупниот број поени, за што добива уверение за положен стручен испит.

Нотарот ќе биде разрешен ако не го положи стручниот испит за проверка на знаењето во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон.

Препорачуваме

Партнери на Правдико