Што е сива економија и зошто не треба да ја поддржуваме | Правдико

Правдико

   

Што е сива економија и зошто не треба да ја поддржуваме

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

siva-ekonomijaШТО Е СИВАТА ЕКОНОМИЈА?
“Сива економија” е вршење на економски активности кои се легални, но не се регистрирани и не се пријавени за даночни цели од страна на поединци, неформални групи или организации.
“Црна економија” претставува вршење на активности кои се спротивни на прописите – илегални активности (трговија со оружје, дрога, луѓе и сл.).
Во кои сектори е најприсутна сивата економија?
Сивата економија е присутна во сите земји, но поприсутна е во земјите во транзиција.
Сивата економија особено е присутна во индустриските и услужните сектори каде трансакциите и плаќањето со готови пари се вообичаен дел од работењето:
– градежништво
– угостителство
– транспорт
– трговија на зелените пазари
– текстилна индустрија
– поправки на возила
– поправки на домови
– изработка на мебел
– молерски услуги
– козметички и фризерски услуги
– други занаетчиски работи
– издавање на објекти под наем
– преведувачки услуги и професорски услуги
– нудење на хардверски и софтверски услуги и сл.

Пред да ангажирате некој да ви изврши некоја економска активност, обезбедете писмен договорпоставувајте повеќе прашањаобезбедете повеќе информации и одберете партнер од легалната, а не од сивата економија.

“Информацијата е клуч за сé”

Дознајте повеќе за работата и луѓето со кои работите и соработувате.Користите ги оние информации кои ви се на располагање, за да ги препознаете оние кои учествуваат во сивата економија.

Зошто не треба да ги подржуваме оние кои учествуваат во сивата економија?

Пријавете ги сите сомнителни активности кои укажуваат на сивата економија, а кои сте ги воочиле кај вашите деловни партнери.

  •  Сивата економија е штетна за сите граѓани на Република Македонија. Оние кои ги избегнуваат своите даночни обврски, ги оштетуваат сите граѓани и се неправедни спрема сите оние даночни обврзници кои работат законски.
  • Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска “предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски.
  • Сивата економија го поткопува интегритетот на целиот наш даночен систем.
  • За потрошувачите плаќањето “под рака”, без фискална сметка, не е добро решение. Ако плаќате во готово и не добиете фискална сметка, вие немате никаква гаранција, немате начин да се пожалите за лошо завршенатa работа или услуга и учествувате во поткопување на даночниот систем.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико