СЈО бара да биде замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ | Правдико

Правдико

   

СЈО бара да биде замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори нов случај „Талир“, за нелегално финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а во кој се осомничени 14 лица.

На прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи рече дека првоосомничениот, претседател на партијата, овозможил партијата незаконски да се финансира во периодот од 2009 до 2015 година.

„Првоосомничениот како претседател на партијата ги знаел законите, тој овозможил финансирање спротивно на законските одредби. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на личната функција. Постои основано сомнение дека првоосомничениот незаконски се финансирал, не ги вратил парите кај лицата или во буџетот на РМ туку си ги задржал и овозможил комулирање на незаконски капитал за партијата. Тој сторил кривично дело злоупотреба на службената должност. Тој со цел да може да овозможи финансирање формирал група која се занимава со перење пари и овозможиле парите преку општинските комитети да бидат внесени во буџетот на партијата.

Од 2009 до крајот на 2015 година преку готовински уплати биле внесени речиси 4.900.000 евра. Дел од осомничените ги пријавувале овие уплати како легални, а потоа незаконските пари ги преземале во име на партијата, а плаќале и преку жиро-сметката. Плаќале сметки, хотелски услуги, купување недвижен имот, 71 договор за недвижен имот од незаконски стекнатите средства. Дел од купениот имот не е за партиски цели и нема партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење пари, 9 лица како директни извршители, двајца како помагачи. Ова не бил единствен начин.

Првоосомничениот овозможил да бидат обезбедени услуги од ДГ Бетон АД Скопје, правно лице кое имало склучено договор за јавни набавки.За зградата на ВМРО-ДПМНЕ 424.733.242 денари, а 131.308.398 на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи вршеле услуги од јавни набавки, не можеле да бидат инвеститори, со што првоосомничениот требало да одбие“, рече Фетаи.

Во истрагат вкучно се осомничени 14 лица, а како што рече обвинителката „оваа обемна истрага покажа дека иако ВМРО ДПМНЕ се покажувале како совесни, ја искористиле партијата и креирале мислење дека тие не вршеле криминал“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико