СЈО бара да и се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба | Правдико

Правдико

   

СЈО бара да и се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sjo-katica-janeva-5-860x680Специјалното јавно обвинителство бара да и биде одземен пасошот на градежната инспекторка од општината Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“, објави „24 Вести“.

Од СЈО велат дека освен одземањето на патната исправа, побарале да и биде ставена и обврската постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за останатите тројца осомничени – членови на комисијата за јавни набавки во општината. За вкупно четири лица се побарани овие мерки со цел да се обезбеди нивно присуство додека е во тек истрагата за овој случај.

Дали Најдовска и останатите осомничени ќе останат без пасошите судот треба да одлучи на 17 мај. На вчерашната седница за распит, одбраната побарала одложување.

Пред еден месец СЈО за случајот „ТНТ“ објави дека Никола Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот „Космос“. Нарачките според СЈО ги спровела токму инспекторката. Но, освен Најдовска овие функционери беа аболирани од претседателот Ѓорге Иванов и засега не се осомничени и немаат кривична одговорност.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико