Правдико

   

СЈО бара изземање и на судијата што треба да одлучува за притворот за случајот „Трезор“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

osnoven-sud-skopje-1

„Претседателот на Основен суд Скопје 1 во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од другите обвинителства. Со ова СЈО дополнително влијае на одолжување на постапките што самото обвинителство ги поднесува до овој суд“, стои во соопштението од судот.

Во однос на предлогот за определување притвор, информираат оттаму, по одлуката на судијата на претходна постапка јавноста ќе биде дополнително информирана.

Основниот суд Скопје 1 денеска испратил покани за сослушување до лицата осомничени во предметот „Трезор“, кој во средата го отвори Специјалното јавно обвинителство.

„Судии од одделот на претходна постапка, постапувајќи по двата предлози – предлогот за определување мерка притвор против едно лице и предлогот за определување мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и до лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот“, информираа од судот.

СЈО пред два дена го презентираше случајот „Трезор“, во кој осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, во истражната постапка било утврдено дека четвртоосомничениот им помогнал на првите тројца осомничени да ѝовозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.

Извор: Мета

Партнери на Правдико