СЈО бара поголема соработка со Академијата за судии и јавни обвинители | Правдико

Правдико

   

СЈО бара поголема соработка со Академијата за судии и јавни обвинители

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство бара поголема соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во барањето што го упатија до Академијата бараат да се направи измена на законското решение и во Управниот одбор да има член и од Специјалното јавно обвинителство како што членуваат обвинители од редовите на Јавните обвинителства во Јавното обвинителство на Република Македонија, Вишите Јавни обвинителства, од Основните Јавни обвинителства, и од Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Со оглед на фактот што од една страна не е предвидено членување на Јавни обвинители од ова Јавно обвинителство сметаме дека неопходно да се изврши изменување и дополнување на постоечкото законско решение. Имајќи предвид дека Академијата е директно надлежна за спроведување на законот, а од причини што на овој начин на ова Јавно обвинителство му е ускратено правото за активно учеството во работата на Академијата преку учество во одлуките кои ги донесува Управниот одбор на Академијата“, велат од СЈО.

СЈО смета дека Академијата нема постапено според чл.12 од Правилникот за континуирана обука, односно Специјалното јавно обвинителство не е консултирано при подготвувањето на програмите и каталозите на обука, ниту е вклучено во Каталозите на обуки, па тие и не се доставени до ова Јавно обвинителство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико