СЈО барало проверка на имотот на министерот Бујар Османи и пратеникот Артан Груби | Правдико

Правдико

   

СЈО барало проверка на имотот на министерот Бујар Османи и пратеникот Артан Груби

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новинарот и член на иницијативата „Стоп операција Сорос“, Цветин Чилиманов, на својот ФБ-профил објави делови од документи на Специјалното јавно обвинителство во кои се бара од катастарот да им обезбеди податоци за имотот на Бујар Османи, сегашниот вицепремиер за европски прашања, и за пратеникот Артан Груби со нивните семејства.

Документот, кој е потпишан од обвинителката Елизабета Јосифовска, содржи барање за податоци за имотот на Бујар Османи и неговото семејство за периодот 2008-20015 година, а другото барање, на кој има краток нечиток потпис, се однесува за имотот на Артан Груби за истиот период.

СЈО во барањето пишува дека податоците им се за службена употреба, а Катастарот доколку не одговори во рок од 5 дена се соочува со барање за казна, која се движи од 2.500 до 5.000 евра. Пред формирањето на новата Влада, СЈО го извести премиерот Зоран Заев, дека за никој од министрите не се води истражна постапка во која би бил осомничен некој од новите министри.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико