Правдико

   

СЈО делумно се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство делумно се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски, кој наместо за три кривични дела по шест точки ќе биде обвинет за три кривични дела по пет точки, соопшти Здружението на новинари на Македонија.

 

„СЈО, кое за случајот ‘Шпион’ ја презема надлежноста во март годинава, се откажа од точката 27, поради тоа што во обвинителниот акт Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое досега постапувало за случајот, нема наведено правна квалификација за кривичното дело. Во одговорот на СЈО на прашањата на Здружението на новинарите на Македонија во врска со случајот на Божиновски, се вели дека точката се однесува на дејствие на друго лице за кое тоа лице веќе е осудено. За тоа веќе бил известен судот, кој се очекува да донесе решение за запирање на постапката по таа точка“, велат од ЗНМ.

Од таму велат дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција никогаш не дало објаснување зошто до март годинава одбило да ја признае надлежноста на СЈО над случајот „Шпион“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико