СЈО добило дојава за обид да се изнесат докумети од Централен регистер | Правдико

Правдико

   

СЈО добило дојава за обид да се изнесат докумети од Централен регистер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

28054golemaНоќта нешто по полноќ истражителите на СЈО успеале да дојдат до бараните документи во Централниот регистер.

Акцијата успеала благодарејќи на асистенцијата на Алфите кои биле вклучени во операцијата откако по барање на СЈО е издаден судски налог за претрес пишува порталот НОВАтв.

Вчера пред крајот на работното време истражители на СЈО биле во Централниот регистер да
побараат документи кои и се потребно за истрага на оваа институција. При овој обид тие не наишле на соработка со дел од вработените од регистарот. По нивното заминување стигнала дојава од вработен во Централниот регистер дека се врши “расчистување” на дел од документацијата во обид да се изнесе надвор од зградата на Централниот регистер. Врз основа на оваа дојава СЈО веднаш побарало судски налог за полициска асистенција.

По издавањето на налогот Алфите веднаш ја обезбедиле зградата и им овозможиле асистенција на истражителите да пристапат кон потребната документација. Како што дознава НОВА околу полноќ за реализација на операцијата Алфите обезбедиле и присуство на директорот на Цернтарлниот регистер.

Извор: Новатв.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико