СЈО ги чешла дивоградбите во Чаир | Правдико

Правдико

   

СЈО ги чешла дивоградбите во Чаир

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство од вчера е во општина Чаир каде на терен ги “чешла” дивоградбите на територијата на оваа општината.

Оваа акција е дел од предистражната постапка за довоградбите во Чаир што беше тема на разговорите во дел од прислушуваните материјали. Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити се изјаснил дека ја поддржува работата на СЈО, правната држава е вредност на демократијата.

Во дел од објавените “бомби” на СДСМ, функционерите на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети се слуша како договараат продавање на објекти на територијата на општината и начин за одложување на уривање на некои дивоградби.

Извор:Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико