СЈО ги обжали одлуките за парични казни за Јанева и за Фетаи | Правдико

Правдико

   

СЈО ги обжали одлуките за парични казни за Јанева и за Фетаи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство во понеделник поднесе жалби на изречените парични казни за Катица Јанева и за Фатиме Фетаи минатата недела, при судењето за случајот „Пуч“, кога беа казнети со 4.000 евра заради непочитување на судот.

„Денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, се вели во изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Воедно, од СЈО известија дека против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи – претставки за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција.

„Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година, а е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот“, соопштја од СЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико