СЈО го бара предметот поврзан со случајот „Шпион“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавно обвинителство денес достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З. Б., кој неодамна беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.
Имено, се работи за предмет против обвинетиот З. Б. кој е дел од случајот „Шпион“ за кој веќе имаме воспоставено надлежност.
З.Б. е во притвор од 22 април, кој како осомничен во случајот „Шпион“, по меѓународна потерница издадена на 19 ноември 2013 година, беше уапсен во Нови Сад, Србија.