СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите утре ќе запленуваат документи | Правдико

Правдико

   

СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите утре ќе запленуваат документи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

katica-fatime-i-lence-3Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ моментално го чуваат влезот на објектот на Централниот регистар за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи кои се предмет на истрага на СЈО, објави телевизијата „Алсат М“.

Како што објавува телевизијата ова го потврдиле и од СЈО, од каде што изјавиле дека пред крајот на работното време имало судска наредба за одземање на документи од Централниот регистар, но по истата не било постапено бидејќи сите вработени биле пуштени да си заминат дома.

Истражителите и полицијата ќе останат да го чуваат објектот до почетокот на работно време утре, за да не дозволат влез или излез од објектот или изнесување документи, бидејќи како што велат, имале сомнеж дека е можно уништување на материјали кои потенцијално се од интерес на СЈО. Од кај Катица Јанева не откриваат за кој предмет се врши одземањето на документите.

Извор: МЕТА.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико