СЈО го повлече барањето на Јавното обвинителство за првоосомничениот во „Труст“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во средата го повлече барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ) до Врховниот суд на РМ за притворот на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО.
„Јас како јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков Барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева.
Јавното обвинителство на Република Македонија во понеделникот поднело барање за заштита на законитоста до Врховниот суд на РМ со кое бара укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје за одредување притвор на Сеад Кочан.
Извор: Макфакс