СЈО: И Јанкулоска влијаела на сведоци | Правдико

Правдико

   

СЈО: И Јанкулоска влијаела на сведоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска влијаела врз сведоци и остварила контакти со високи функционери на држави во кои би можело да се засолне, а границите може да ги напушти и со личната карта, тврди Специјалното јавно обвинителство во жалбата што денес ја разгледуваше Апелацискиот суд Скопје.

Според обвинителот Гаврил Бубевски, Јанкуловска примила повеќе покани, но се јавила само еднаш и им кажала дека нема да дава искази додека не изврши увид во предметот. Од тие причини СЈО бара притвор.

Таа, пак, тврди дека две години не влегла во МВР и дека не влијаела врз сведоци. Според Јанкулоска, СЈО спроведува политичка агенда.

– Цврсто стојам на тоа што го кажав уште порано на почеток. Немам сторено, ниту едно дело кое ми се става на товар. Барањата на СЈО се целосно неосновани. Јас 20 години рабодам во интерес на Македонија и директно сум во институциите кои работат во борбата против криминалот. Моите посети надвор од земјата се со колеги од странски земји и се во интерес на Македонија – изјави Јанкулоска.

Поранешната министерка е обвинета во случајот „Титаник“ за злосторничко здружување, за злоупотреба на средствата за изборна кампања и за повреда на избирачкото право.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико