СЈО: Катица Јанева нема никаква поврзаност со политички партии | Правдико

Правдико

   

СЈО: Катица Јанева нема никаква поврзаност со политички партии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sjo simbol amblemВо изминатиот период предмет на интерес на повеќе медиуми беа членската книшка на политичката партија СДСМ и уплатницата за наводна верификација на членство на кои беше испишано името и презимето Катица Јанева.

„Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија.“ – истакна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

СЈО апелира медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста. Воедно апелираме надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува.

Препорачуваме

Партнери на Правдико