СЈО ќе бара јавна седница за притворот на Грујевски | Правдико

Правдико

   

СЈО ќе бара јавна седница за притворот на Грујевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство ќе бара од Апелациониот суд на јавна седница да се разгледува нивната жалбата на одлуката на Кривичниот совет на скопска единица кој не му одреди притвор на екс началникот на петата управа Горан Грујевски.

СЈО бараше притвор за Грујевски уште во време на истрагата за предметите во кои тој е обвинет меѓу кои се „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“ за кој веќе се води процес во Кривичниот суд. Грујевски помина неколку дена во Шутка, но потоа беше пуштен да се брани од слобода.

Со поднесувањето на обвиненијата СЈО повторно бараше притвор за Грујевски, но наместо тоа Кривичниот суд му го одзеде пасошот.

Инаку жалбите на СЈО на одлуките на Кривичен за неодредување притвор за ниту еден од обвинетите, како и жалбите на одбраната поради одземањето на пасошите сè уште се во кривичниот суд.

Извор: ТВ24

Препорачуваме

Партнери на Правдико