СЈО ќе поднесе кривични за нерегуларностите при испитувањето во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кога Специјалното јавно обвинителство, пред неколку недели спроведе сослушување на сведоци во Охрид, беа организирани протести, а биле упатени и закани кон обвинителките, за што обвинителката Ленче Ристовска најави кривични пријави.
„Во Охрид имавме непријатна ситуација испративме покани преку МВР, и тие покани требаше да се достават на сведоците. Сепак дел од поканите не беа доставени. Беа испратени 185 покани од кои само 130 беа доставени“, рече Ристовска.
Кога донаторите на партијата беа свикани во просториите на СВР Охрид на распит пред полицијата се одржуваше протест.
„Сите сведоци не се повикани поради тоа што е некој член на некоја партија, туку ги повикавме затоа што се поврзани со други околности. Беше побаран состанок од двајца претставници на политичка партија, и на тој состанок како јавни обвинители бевме јас и уште една колешка. Од тие лица кои дојдоа ни беа упатени извесни закани, ни беше доставен и список дека знаат кого се сме повикале, па со оглед дека неповикани лица го имаа списокот од тајна истражна постапка, во скора иднина ќе следат сознанија кој се вршел притисоци и како завршиле списоците таму каде што не требало да завршат“, рече Ристоска.
Ристовска одговарајќи на новинарско прашање зошто влегоа во просториите на медиумската куќа МПМ, рече дека тоа е предистражна постапка, што значи дека податоците се тајни.
„Немаме официјално соопштено зошто се обративме до МПМ и што баравме таму, предистражна постапка е, не можеме да кажеме дали е самата медиумска куќа, дали за друга постапка за финансиско работење, доколку не дојдеме до ниво за предистражно сомневање нема да кажеме што беше предмет на истражување“, појасни Ристовска за влегувањето на СЈО во МПМ.
Извор: Макфакс