СЈО може да покрене уште предмети пред избори | Правдико

Правдико

   

СЈО може да покрене уште предмети пред избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во вторник присуствуваше на научна дебата на Правниот факултет во Скопје, не ја отфрли можноста пред избори да покрене и други предмети кои произлегуваат од нелегално прислушуваните материјали.

janeva-praven

На новинарско прашање дали може да се очекуваат нови предмети или обвиненија пред закажаните предвремени парламентарни избори во декемри, таа се насмеа и кимна со главата.

Досега, СЈО поднесе две обвиненија, едното за вработените во УБК, а второто против поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои се товарат за поттикнување на насилство во протестите во Oпштина Центар пред неколку години. Освен нив, уште три други лица се обвинети за истото дело, а девет лица се товарат дека се извршители на насилство.

Овие случаи се работат по скратена постапка и за овие дела е предвидена парична казна или казна затвор од најмногу пет години.

СЈО работи на следниве предмети кои ги објави и во јавноста, „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“ и „Тендери“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико