СЈО најави нова истрага со име „Трезор“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага, под името „Трезор“. Деталите за истрагата ќе бидат соопштени денеска.
Досега, СЈО ја запозна јавноста со пет истраги, чии кодни имиња започнуваа на буквата Т – „Титаник“, „Тврдина“, „Транспортер“, „Тортура“ и „ТНТ“.
Во меѓувреме, Специјалното јавно обвинителство поднесе и две обвиненија во кои се опфатени вкупно 21 лице, а казната предвидена за делата за кои тие се товарат е до пет години затвор. Едното обвинение е за уништување документација поврзана со неовластеното прислушување, а другото за насилните протести пред општината Центар во јуни 2013 година.
Извор: Нова Македонија