Правдико

   

СЈО: Нема основа за барањето на Груевски за изземање на Јанева

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски побара изземање на обвинителката Катица Јанева на денешното продолжение на јавната седница во Апелациониот суд, за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк.“

На седницата не присуствуваат Груевски и неговите адвокати, кои го известиле судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на другите предмети во Кривичниот суд, но обвинителот Гаврил Бубевски забележа дека во законот нема основа за такво барање, по што беше дадена пауза за Судскиот совет да реши како ќе продолжи седницата. Ѓоко Поповски и неговите адвокати се присутни на седницата во Апелациониот суд.

Во случајот на СЈО „Тенк“ Груевски во Кривичниот суд беше осуден на две години затвор како поттикнувач на делото за набавка на мерцедесот од 600 илјади евра. Груевски вчера на прес-конференција во Собранието најави дека денеска нема да се појави во Апелациониот суд на седницата и дека нема да присуствуваат ниту неговите адвокати, бидејќи, како што рече, „и онака одлуката е политички веќе донесена.“

Тој ја обвини власта дека води политичка хајка против него, односно дека врз в.д. претседателката на Апелациониот суд било направено политичко влијание и оти до судии од Судскиот совет кои треба да одлучуваат по предметот „Тенк“ упатила директно барање, како што рече, по секоја цена да донесат осудителна одлука протв него и да го прогласат за виновен.

Апелациониот суд Скопје во целост ги демантира наводите изнесени на прес-конференцијата од Никола Груевски во врска со предметот „Тенк“, оценувајќи ги како груба невистина и манипулација со јавноста.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико