СЈО подготвува обвинение за набавката на ,,Мерцедесот" | Правдико

Правдико

   

СЈО подготвува обвинение за набавката на ,,Мерцедесот”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Набавката на скапиот владин мерцедес е едно од обвиненијата кои се подготвуваат во Специјалното јавно обвинителство. Се очекува обвинението за овој предмет под кодното име „Тенк“ да биде поднесено до судот до крајот месецот, по што ќе започне и судската постапка.

Две лица од владата на Никола Груевски се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување. Од СЈО потврдуваат дека за случајот се прибавени докази и дека постапката е завршена.

Обвинителството товари две лица дека при набавката ја фаворизирале фирмата што го добила тендерот. Делото го извршиле помеѓу февруари и октомври 2012 година, во период кога МВР, преку кое е извршена набавката, немало доволно буџетски средства за своите потреби, набавено е возило во вредност од речиси 600.000 евра.

Според Кривичниот законик, на осомничените им се заканува затворска казна од најмалку пет години. Се товарат дека ја злоупотребиле службената положба за да прибават имотна корист за себе или за друго лице, со што му нанеле штета на државниот буџет. Во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата набавката на ова возило била договарана помеѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Тенк“ или набавката на „Мерцедесот“ ќе биде меѓу 15 предмети за кои се очекува СЈО да покрене обвинение до истекот на рокот, на први јули. Утре, пак, продолжува распитот за предметот „Талир“ во кои 14 функционери на ВМРО-ДПМНЕ се сомничат за незаконско финансирање на партијата.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико