СЈО поднесе 20 жалби до Апелациониот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СЈО поднесе 20 жалби до Апелациониот суд за одбиените мерки на скопскиот Кривичен суд. Станува збор за обжалени 6 решенија за притвор, и тоа за две лица во предметот „Тендери“ и за по едно лице во предметите „ТНТ“, „Тотал“, „Триста“ и „Траекторија“.
Во овие 20 жалби опфатени се и решенија за определување мерки на претпазливост. Од СЈО не ја исклучуваат можноста попладнево да поднесат жалби до Апелациониот суд и за случаите „Тврдина“, „Таргет“ и за „Титаник 1“.
В.Маглешов
Извор: Макфакс